Archive for ‘Belgium’

Belgium is world-famous for its chocolate, waffles, beer and there are many more things that I will mention later, but these are my favorite. Praline chocolates were invented by Jean Neuhaus in Brussels in 1912. Today, Belgium is the world’s number one exporter of chocolate, with 220,000 tones of chocolate produced per year. The second thing Belgium is world-known for is the beer. There are over 1100 varieties of beers made in Belgium and the country often produces international award-winning varieties. And the waffles are third thing Belgium is famous for. There are 3 main types of Belgian waffles, the most common is Liege waffles which are eaten like a cookie, Brussels waffles are larger and lighter in color and eaten with toppings such as strawberries or ice cream, while galettes are thin, soft and usually eaten for breakfast with jam.
Belgium has more comic makers per square km than any other country in the world. Famous comic book series to come out of Belgium include, The Adventures of Tintin, The Smurfs and Asterix (originally a French creation for French-Belgian audiences).
Few of the famous people coming from Belgium, are: Gerardus Mercator – a cartographer who developed the first world map, Adolphe Sax – he who invented the saxophone, Georges Lemaitre – a Belgian Catholic priest and physicist who would come to refute Einstein’s theory of relativity and posit what we know today as the ‘Big Bang Theory.’ From the film industry are Audrey Hepburn, an iconic actress, the actor Jean-Claude Van Damme, Johnny Galecki and many more
Other interesting fact I would like to mention is that, the town of Spa in Belgium is where the word ‘spa’ comes from.

************************************************************************************************************

Белгија е светски позната по своето чоколадо, вафлите, пивото и уште неколку работи што ќе ги спомнам подоцна, но овие ми се омилени. Пралините се создадени од Жан Неухаус во Брисел во 1912 година. Денес, Белгија е број еден извозник на чоколадо во светот, со годишно производство од 220.000 тони чоколадо. Второ нешто по што Белгија е светски позната е пивото. Постојат над 1100 сорти пива направени во Белгија и земјата често произведува сорти кои се меѓународно наградени. И вафлите се третата работа по што е позната Белгија. Постојат 3 главни видови на белгиски вафли, а најчест е лиежкиот вафл што се јаде како колаче, бриселските вафли се поголеми и со посветла боја и се јадат прелиени со јагоди или сладолед, а додека галетите се тенки, меки и обично се јадат за појадок со џем.
Белгија има повеќе креатори на стрипови на квадратен километар од која било друга држава во светот. Познатите стрип-серии што потекнуваат од Белгија се, Авантурите на Тинтин, Штрумфовите и Астерикс (иако е француска креација сепак е наменета за француско-белгиската публика). Неколку од познатите луѓе кои потекнуваат од Белгија, се: Герардус Меркатор – картограф кој ја создал првата мапа на светот, Адолф Сакс – оној што го измислил саксофонот, Георгес Лемаир – белгиски католички свештеник и физичар кој ја побил теоријата на релативноста на Ајнштајн и го претставил она што денес го знаеме како „Теоријата за голема експлозија“. Од филмската индустрија познати се Одри Хепберн, исконска актерка, актерот Жан-Клод Ван Дам, Џони Галецки и многу други.
Друг интересен факт што би сакала да го споменам е дека градот Спа во Белгија е местото од каде потекнува зборот „Спа“.